Македонија се искачи на прво место по загаден воздух во Европа (Фото)

Откако го снема ветерот, во Македонија се врати загадувањето на воздухот. Ситуацијата од ден во ден се повеќе се влошува во речиси сите градови во земјава, но според информациите на Air Care, денес за прв пат годинава "го освоивме" првото место во Европа.

Тетово е градот кој е најзагаден попладнево во Македонија, но и во Европа, додека на рангирањето во светски рамки е на 15 место по загаденост на воздухот.

Во Скопје најзагадено е во Чаир, но речиси сите општини се во црвена или виолетова (највисока) зона на опасност од загаденоста. 

Во вакви услови се препорачува граѓаните што е можно помалку да седат надвор на отворен простор и со тоа помалку да се изложуваат на штетните ПМ честички. Најзагрозените граѓани можат да носат заштитна маска со филтер или подебела КН маска за заштита.