Македонија лидер по ниски цени: Храната и пијалаците биле најевтини во Европа

Македонија е меѓу најевтините земји во Европа и лидер по ниски цени во многу актегории, покажуваат податоци на германскиот завод за статистика „Дестатис“.

Според податоците, трошоците за живот во Македонија биле за повеќе од половина пониски од Германија, а поевтино од државава е само во Турција.

„Дестатис“ ги анализирал цените на храна, пијалаци, тутун, облека, енергија, транспорт, забава, хотели, ресторани и други и речиси во сите категории Македонија нуди најниски цени.

Цените во Македонија се за 51 отсто пониски од тие во Германија, утврдил „Дестатис“.