Maјка го нашла својот 35-годишен син починат во домот во Чаир

Скопјанка пријавила дека во својот дом на подрачјето на Чаир го пронашла починат својот син И. М. (35) од Скопје, кој имал здравствени проблеми.

Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.