Локалните улици во Центар сè уште со снег, општината тврди дека тие се чисти

Општината Центар вчера преку соопштение информираше дека улиците се чиси и проодни, но граѓаните на социјалните мрежи објавуваат фотографии на кои се гледа дека голем дел од улиците се замрзнати и тешко проодни.

Општина Центар, општинската зимска служба и работниците задолжени за одржување на хигиената веќе втор ден го расчистуваат снегот на улиците кои се под oпштинска надлежност. Општинските служби за одржување на хигиената ги расчистуваат велосипедските и пешачките патеки, тротоарите и останатите јавни површини.После обилните врнежи на снег кои го зафатија Скопје изминатото деноноќие, активирани се сите општински ресурси и на терен се расчистува снежната покривка, која на одредени места надминува и 25 сантиметри, стои во соопштението од општината.

Во координација со градските служби, со регулирањето на снегот на улиците продолжуваме и ова попладне, но и во вечерните часови, со цел на граѓаните да им овозможиме непречено и безбедно движење низ општината, додаваат од општина Центар.

Но, утрово состојбата на терен е различна. Фотографијата која беше испратена до нашата редакцијата е направена во непосредна близина на детската градинка Кочо Рацин, односно објектот Панорама. На неа се гледа дека пристапот до овој објект е отежнат и родители тешко стигнуваат до него.