Кучково денеска е полно со луѓе од сите генерации кои го користат слободниот ден на сонце.
Откако населеното место Кучково во изминатата година преку реализација на повеќе проекти доби целосно нов современ и урбан лик стана атракција за скопјани.
Денеска очигледно голем број скопјани го искористија убавото време да се релаксираат на локалитетот „Крст“ каде неодамна беше поставена и урбана опрема за одмор и рекреација.
Градоначалникот на Ѓорче Александар Стојкоски сподели видео од раздвиженоста во ова место од Скопје: