Започна со работа новото општинско училиште во Визбегово

Новото општинско училиште во Визбегово започна со работа, а од вчера официјално започна уписот на првачиња.

Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски вчера го посети училиштето кое од септември ќе ги отвори вратите за учениците. 

- Детално се запознав со работата на комисијата која врши упис на првачиња. Направив и обиколка на новите училници каде што ќе учат идните првачиња, соопшти Костовски. 

ООУ “Визбегово” е целосно подготвено за почетокот на новата учебна година.