Кривична за лицето што подметна два пожари во викенд куќи во Тетово

Полицијата поднесе кривична пријава против едно лице осомничено дека на 02.04.2024 година има подметнато пожари во две викенд куќи во Тетово.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Н.(45) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „предизвикување на општа опасност“. На 02.04.2024 во с.Пожаране, пријавениот предизвикал пожар во две викенд куќи, сопственост на А.Ќ. (74) и В.К.(74), двајцата од Тетово“.