Кривична пријава за три лица - Двајца краделе, третиот чувал стража

Полицијата во Битола поднесе кривична пријава за три лица поради сомнеж дека извршиле кражба во куќа во Битола и притоа одземале пари и накит.

„СВР Битола поднесе кривична пријава против К.Б.(30), А.Б.(29) и Н.Б.(42), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 01.04.2024 во битолско село, прво и второпријавениот извршиле „тешка кражба“ во куќа сопственост на Љ.Ц. (74) од Битола, при што одзеле пари во различни валути и накит. Третопријавениот го надгледувал движењето на сопственикот на куќата“.