Кривична против градоначалникот на Богданци и вработена во општината, поплочувале приватен имот со општински пари

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот Фејсбук профил објави дека е СВР Струмица има поднесено кривична против градоначалник на Богданци и вработена во општината поради Злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно постапување во службата

„Имено, првопријавениот во својство на Градоначалник на општина Богданци, во периодот од 17.05.2021 до 15.06.2021 година по претходно спроведена јавна набавка и договор склучен со најповолен економски оператор, со средства од буџетот на општина Богданци извршил изградба и реконструкција - поставување на бехатон на КП 9458 КО Богданци која е во приватна сопственост, без да се спроведе постапка за експропријација, на начин што свесно оваа парцела ја прикажал како дел од улица "Крсте Мисирков" во Богданци бидејќи за истата нема и не може да има соодветна дозвола за градба и на тој начин спротивно на ДУП на општина Богданци, спротивно на Закон за експропријација и без соодветна дозвола за градење , со буџетски средства бесправно е изградена приватна КП 9458 КО Богданци, во корист на нејзините сопственици, а на штета на буџетот на општината.

Второпријавената вработена на работно место помлад соработник - урбанистички планер во Одделение за урбанизам и градежништво во општина Богданци со овластување дадено од првопријавениот, задолжена како одговорно лице за следење на текот на постапката за изградба и реконструкција на улици на територија на општина Богданци, иако била должна да знае дека наведената КП е во приватна сопственост, дека согласно ДУП за општина Богданци на истата не може да се вршат градежни активности, бидејќи нема соодветна дозвола за тоа и не е спроведена постапка за експропријација, сепак го пропуштила надзорот кој била должна да го спроведе со несовесно постапување во вршење на своите законски овластувања и во ниту еден момент не реагирала на незаконските постапки со што овозможила бесправно со буџетски средства да се изгради приватна парцела КП 9458 за КО Богданци во корист на нејзините сопственици, а на штета на буџетот на општина Богданци.

Со горенаведеното првопријавениот сторил кривично дело "Злоупотреба на службена положба и овластување" и "Бесправно градење", а второпријавената сторила кривично дело "Несовесно постапување во службата" стои во објавата на Тошковски