По претходно добиени оперативни сознанија од страна на полициски службеници од СВР Скопје , на ден 20.01. 2020 година околу 18 часот во населба Сингелиќ извршен е преглед врз лицето Б.А (29) .При извршениот преглед кај истиот е пронајдено огнено оружје пиштол кое го поседувал без дозвола, по што извршен е претрес и во домот каде што престојува лицето, информираат од Министерството за внатрешни.
На 21.01.2020 година од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до ОЈО Скопје против лицето Б.А поднесена е кривична пријава во брза постапка за кривично дело по член 396 од КЗ на РСМ, стои во соопштението на полицијата.