Досега често сме читале различни мисли од позната книга за деца „Малиот принц“ од Антоан де Сент-Егзипери, но денес ги претставуваме кратките лекции кои ги научивме од книгата. Книгата е преполна со многу мудрости, но и лекции, и за децата, но особено за возрасните.
Еве кои поуки можеме да ги извлечеме од книгата:
Децата мораат многу работи да им простуваат на возрасните.
Човек е осамен и меѓу луѓе.
Многу е потешко да си судиш себеси отколку на другите. Ако успееш себеси да си судиш добро, значи дека си прав мудрец.
Вообразените луѓе слушаат само пофалби.
Човекот никогаш не е задоволен онаму каде што е.
Очите се слепи. Треба да се бара со срцето.
Зборувањето е изворот на сите недоразбирања.
Само децата знаат што бараат.
Човекот гледа добро само со срцето. Суштината не се гледа со очите.