Косовец претепан од неколку лица во центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 00.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека во болницата „Аџибадем Систина“ бил донесен повреден Л.Г.(20) од Косово.

- Според пријавеното, тој со повреди се здобил во близина на Железничката станица каде бил физички нападнат од неколку лица кои употребиле тврди предмети бил, информираат од полицијата. 

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.