Комисијата за заразни болести досега не добила барање од родители децата на училиште да не носат маски

Останува препораката за носење заштитна маска во училиштата. Комисијата за заразни болести досега не добила барање од родители децата на училиште да не носат маски и за тоа не е разговарано.

– Меѓутоа, ставот на Светската здравствена организација и Европскиот центар за контрола на болести е дека во затворени простории, меѓу кои и училиштата, треба да се носат маски од шестгодишна возраст па нагоре. Така што, согласно препораките на СЗО и врз основа на протоколите за посетување на настава со физичко присуство, секое дете треба да носи маска, изјави портпаролот на Комисијата, Д-р Злате Мехмедовиќ.

Најави дека ќе се менува методологијата и динамиката за скрининг на училиштата. Ќе има помал број на тестови кои ќе покажат каква е актуелната состојба меѓу популацијата од шест до 18 години. Ќе се применува стратегијата „тестирајте за да останете во училиште“ која предвидува изложените ученици во одделенијата каде имало позитивен случај да можат да се тестираат со цел да се овозможи останување во процесот на настава со физичко присуство доколку се утврди дека направеиот тест е негативен.