Канал 5: Нова низа оставки во Левица - во пресрет на изборите продолжува расколот во партијата

Низа нови оставки во Левица како продолжение на расколот што започна пред повеќе од еден месец. Канал 5 објави дека до нивната редакција стигнала информација за неколку нови заминувања на високи партиски членови од партискиот президиум и секторски координатори од редовите на партијата.

Од Канал 5 поставиле прашања до политичката партија, дали е точно дека од партиските позиции си заминале неколку истакнати членови на Президиумот, како и координаторите на секторите за економија и образование.

„Левица е најбрзорастечката партија во Република Македонија и во овој изборен циклус, црвениот бран ќе резултира со двоцифрен број на пратеници – распространетата структура низ државата и растечката поддршка ја прави Левица посилна од било кога.“  стои во одговорот кој Левица го доставила до Канал 5.

Овие турбуленции во Левица се случуваат непосредно пред почетокот на првиот круг на претседателските избори и кампањата за парламентарните избори.