Калина Коси и Ирена Цветковиќ со спротивни ставови: Сите во униформи или простор за индивидуалност

Прилепската гимназија „Мирче Ацев“ со денови е мета на пофалфи и критики на социјалните мрежи поради протоколот на одблекување посочен за учениците. 

Како што се наведува, се забрануваат скинати фармерки, хеланки, шорцеви, пирсеви, долги нокти..., а се чини дека од годинава овие препораки ги спроведоа и голем број други училишта во земјава.

Додека едни ги оправдуваат, други сметаат дека не е во ред на младите да им се забрануваат трендовите и дека тоа нема врска со поведението.

-На социјалните мрежи очигледни беа спротивните ставоци на „Калинa Коси“ и активистката Ирена Цветковиќ.

- Алал да им е на Прилепчани! Сега само уште едно вакво слично да се залепи и за наставниците, дополнето со: забрана за длабоко деколте, тешка шминка ко за на свадба, проѕирни кошули, упадлив накит што трешти, тесно припиени корсети и панталони, 10ка штикли.... итд итд.... Ма сите во униформи најпаметно, од чувар до директор! - порача Калина Коси. 

Претходно, Цветковиќ, пак, порача: 

- Правила донесени од Прилепската гимназија „Мирче Ацев“ за средношколците. Класика македонштина. Не е важен квалитетот на образованието, развојот на љубопитност и желба за знаења и индивидуалниот развој туку дисциплина и униформираност на младите. Каков пораз.