Какво време нè очекува викендов?

УХМР ја објави прогнозата за викендов и може да забележиме дека и понатаму нè очекува променливо време.

В сабота (28.01.2023) нè очекува променливо облачно и студено, на места со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец

Додека в недела (29.01.2023) се очекува променливо облачно и студено, на места со провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.