Како да ја задржите девојката која ја љубите?

Го имате нејзиното внимание и сега и таа го има вашето.

Почнавте да се заљубувате во неа и чувствувате промена.

Знаете дека таа одлучува дали треба да продолжи да се вложува себеси или не. Знаете дека ќе ви каже наскоро. Одеднаш почнувате да чувствувате потреба да кажете или да направите нешто, но што?

Прашањето коешто ви се врти во главата е: Како да ја задржам во мојот живот?

Ако сте правиот човек за неа, одговорот е едноставен.
Ако не сте, одговорот е: НЕ МОЖЕТЕ!

1. Вашиот личен развој нека ви биде најголем приоритет

Таа е целосна личност и бара целосна личност. Таа нема да биде ваша подобра половина, четвртина или третина. Неа и е потребен маж кој работел на себе. Тоа значи дека си прочитал повеќе од неколку книги за само-помош.  И затоа што сте работеле на себе, тоа значи дека имате разбирање за себе, а тоа значи и дека ќе имате разбирање за неа.

2. Сфатете дека емотивната интимност е подеднакво важна како и физичката интимност

Секако дека физичкиот контакт е многу важен. Бакнежите, прегратките, држењето за рака, гушките од позади... Се е тоа прекрасно. Но, уште поважно, јавувајте и се и пишувајте и пораки. Имајте долги разговори со неа. Шетајте во парк. Вашите животи треба да се поврзат исто како и вашите тела. Тоа не значи дека треба да ја гушите со пораки. Неа ќе и биде потребен простор за да ги прави работите кои немаат врска со вас, но таа сака да знае дека ги сакате и другите работи освен нејзиното тело.

3. Прифатете ја таква каква што е

Трудете се да го познавате нејзиното битие и прифатете ја во секоја форма. Не ја критикувајте, не се обидувајте да ја промените, но помогнете и да се развива. Не очекувајте од неа  да ги намали своите очекувања. Тие можеби се високи, но се реални. Таа ќе биде спонтана, но ќе го планира секој можен исход во главата. Таа ќе биде балансот помеѓу практичното и непрактичното. Таа ќе знае што таа сака или не сака и понекогаш нема да има поим и ќе сака вие да одлучите. Следете ја и таа ќе ве следи вас.

4. Бидете отворени со неа. Ако сакате да бидете со неа, бидете со неа

Ако сакате да правите нешто со неа, кажете и. Тоа не значи дека ќе се согласи, но имајте став. Кажете и како се чувствувате. Бидете уверливи и не бидете пасивно-агресивни. Таа нема да има време за тоа срање. Не бидете премногу претпазливи. Таа не е кукла од порцелан и врските треба да научат како да се виткаат без да се скршат. Неа и потребна отвореност.

Па, така ако сакате да ја задржите, запрашајте се себеси:

Дали развојот е мој приоритет? Ако не, дали може да биде? (Ако да...)
Дали ми се допаѓа каква е навистина, а не тоа што сакам да биде? (Ако да...)
Дали сум подготвен да работам на таа физичка и емотивна врска?(Ако да...)

Тогаш кажете и ги овие работи.

cheap nike free run 5.0