Како да изградите стабилна емотивна врска?

Многу често се даваат совети за жените и за тоа како да изградат успешни и здрави врски. Денес им се обраќаме на мажите и им даваме неколку корисни совети кои ќе им помогнат да се отворат повеќе и да не се затвораат во себе, особено ако поминале низ болно раскинување или развод.

Доколку сте биле повредени во минатото и сте имале серија неуспешни врски, прочитајте ги овие едноставни и лесни начини како да изградите цврста и стабилна емотивна врска.

Бидете искрени кон самите себе

Ако вие самите не сте сигурни во вашите чувства, тешко е да очекувате од другите потполно да ве прифатат. Не е потребно да ги знаете одговорите на сите прашања, затоа што и врската пред се е процес во кој двете страни се обидуваат да се запознаат што подобро. Низ подлабокиот однос со партнерката, вие ќе сфатите кои се вашите сличности и дали сличностите се доминантни во однос на разликите.

Спознајте ги своите потреби

Голем дел од мажите ја откриваат својата вистинска природа дури откако ќе раскинат врска или ќе поминат низ развод. На некои им помага осаменоста и размислувањето, додека пак кај другите се јавува потреба за активно дружење со луѓе кои имале слични активности. Еднаш кога ќе сфатите кои се вашите вистински потреби, ќе бидете посигурни во избирањето на идната партнерка.

Комуницирајте

Под комуницирање се подразбира искрена комуникација. Колку пати ви се случило да добиете порака од партнерката, која поради недоволно информации се случува да ја протолкуваме погрешно. Затоа вам ви е потребен искрен и отворен разговор за да ги осветлите сите аспекти од вашата врска. На крајот на краиштата, и најтешката вистина е подобра од лагата.

Бидете пријатели пред се

Една од најчестите грешки по болното раскинување е брзата потрага за нова партнерка. Многу е подобро прво да изградите пријателски однос со некоја личност, да ја запознаете подобро и да оставите работите полека да се одвиваат и да оставите од пријателството да се развие љубовна врска.

cheap nike free run 5.0