Јакимовски ја потпиша дозволата за изградба на спорната 17 катница што ќе никне во Карпош

Градоначалникот Стевчо Јакомовски ја потпишал градежната дозвола за изградба на спорната 17-катница што треба да се гради среде Карпош во близина на Воена Болница, веднаш до бензинската пумпа на Макпетрол.  Потврда на ваквата градба беше поставувањето на таблата од страна на инвеститорот “ЗСФ Ком“ каде стои дека дозволата за градба е издадена на 18 јануари а правосилност добива на 1 февруари.

Од информациите кои излегоа во јавноста зградата за која се предвидува дека треба да вдоми 2000 жители се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик Воена болница, сегашната ГОБ „8 Септември“, која има статус на споменик на архитектонско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство. Според Законот за заштита на културно наследство, за да може да се гради каков било објект и да се добие градежна дозвола од Општина Карпош, урбанистичкиот проект треба да го одобри Конзерваторскиот центар.

Најпрво решението за изградба на оваа зграда не беше потпишано од тогашниот директор Константин Димитровски, за подоцна да се предомисли и да изададе позитивни мислење со кое се дозволува изградба.

Експерти запознаени со ова проблематика велат дека бо близина на болницата не треба да има високи објекти зошто нема да има простор за пристап на хеликоптери до болничкиот комплекс, а тука посебна тежина се дава на оваа болница зошто е одредена како Единица за прва реакција за НАТО силите во Косово.

Инаку интересното е што изградбата на ваква зграда е донесена во ДУП-от донесен токму од Јакимовски во неговиот мандат во 2013-та година каде се предвидува изградба на објект за домување со 26 ката и висина од 88 метри.