Уапсена 54-годишна скопјанка, во домот полицијата ѝ пронајде дрога

Полицијата доцна синоќа пронајде дрога кај 54-годишна скпјанка. 

- Синоќа во 23 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.К.(54) од Скопје затоа што при извршен претрес со судска наредба во нејзиниот дом, на подрачјето на Карпош, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и дигитална вага, соопштија од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.