Извршен увид по престрелката на Пластичарска улица во Скопје

Во текот на ноќта, дежурниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со тимови од МВР, изврши увид на булеварот „Никола Карев“ каде беше убиено едно лице, а две беа повредени во престрелка.

Обвинителот нареди вештачење на собраните траги од местото на настанот a се преземаат други истражни дејствија. Министерството за внатрешни работи активно работи на откривање на сторителите.