Детали за престрелката во „Александар Палас“: Пет вооружени лица отвориле оган, други панично бегале

На 01.12.2019 г. околу 00:35 часот добиено е дојава за пукање од огнено оружје во хотел „Александар Палас“, лоциран на бул. 8-ми Септември бб, дознава Алсат телевизија.

-Додека во ресторанот седеле 5 машки лица, од страна на 5 други машки лица вооружени со огнено оружје, најверојатно автоматски пушки и пиштоли, со црни или црвени фантомки на главата, излегувајќи од возило отвориле оган према ресторанот, а тројца од сторителите влегле во хотелот извикувајќи „полиција, полиција“ и испукале рафали према ресторанот, по што го напуштиле местото. Во моментот кога пукале во ресторанот, едно лице (полицаец) го употребил својот службен пиштол и испукал околу 11 проектили во правец према сторителите извикувајќи дека тој е полиција, објаву Алсат.

„Алсат“: Еден човек е ранет во престрелката во Александар Палас?!

Хотелски гости и полициски извори тврдат дека најмалку едно лице е потешко повредено во вооружената престрелка која по полноќ се случила во скопскиот хотел Александар Палас.

Информацијата ја потврдуваат и гости на хотелот кои го слушале пукањето и слушнале крици на тешко рането лице.

Официјално не се соопштува за кого се работи ниту за бројот на повредените или евентуално убиените луѓе.

Избегале од тепачката и се вратиле со калашњикови.