Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 54 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола девет санкции, шест санкции за управување под дејство на алкохол, четири мерки за некористење на сигурносен појас, три санкции за користење на мобилен телефон при возење.