Исчистена голема дива депонија во близина на градските гробишта Бутел

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костови објави дека е исчистена уште една голема дива депонија кај градските гробишта Бутел. Според градоначалникот ова било направено по барање на граѓаните.

“На барање на граѓаните, иако не е под надлежност на Општина Бутел во пресрет на големиот празник Задушница, исчистена е големата депонија на автобуската станица на јавниот градски превоз како и околните улици во близина на Градските гробишта. Ова е депонија која е создадена на јавна градска површина и Град Скопје не превземаше никакви активности за расчистување. Нашата цел е Општина Бутел без депонии, а граѓаните да бидат наш партнер во зачувување на хигиената“ напиша Костовски