Инспекторите на терен: Измерени највисоки децибели во овие скопски населби

Едни од најкритичните места во врска со прегласната музиак од угостителските објекти, студентските домови како и становите и куќите што се изнајмуваат за приватни забави се населбите Карпош и Центар каде што и најчесто се изрекувале казни за прегласна музика и за кршење на јавниот ред и мир. Граѓаните се жалат дека општините знаат да потфрлат во некои ситуации и дека навечер од бучавата не можат да спијат. 

Во 2008 година е донесен закон со кој се утврдува во кои случаи и под кои услови е нарушен мирот на граѓаните. 

Имено, бучавата е поделена во четири степени, и таа не смее да биде повисока од 50 децибели. Првиот степен за нарушување на мирот на граѓаните изнесува од 50 до 55 децибели. Вториот степен е од 55 до 60 децибели, додека третиот и четвртиот степен е од 60 односно 70 децибели. Од општините велат дека соработуваат со лиценцирани фирми што ја мерат бучавата со посебни апарати. Исто така информираат дека бучната и звучната изолација инспекторите ја мерат и докажуваат на прописен начин со мерни уреди на звук и соодветни филтри во согласност со Меѓународната електроакустична комисија. 
Според законот, не се смета дека е нарушен мирот на граѓаните ако се вршат вообичаени веселби како што се свадба, матурска прослава, веридба или државни празници. Според законот, како време за попладневен одмор се смета периодот од 15 до 18 часот. 

Според граѓаните, општинските инспектори што ја вршат оваа работа би требало да бидат поактивни затоа што мирот и квалитетниот сон се најважни за нив. Градските власти рекоа дека не се надлежни за овој проблем, по што нѐ упатија до општинските власти. 

Од општината Карпош велат дека преку тендер избираат лиценцирана фирма чија задача е мерење на јачината на бучавата во животната средина и во согласност со законот, ако бучавата е над дозволената граница се пишува казна. 

Законикот вели дека при палење ракети и приредување огномет, факелијада или слични приредби мора да се пријави во Секторот за внатрешни работи на Министерството за внатрешни работи пет дена пред почетокот на приредбата. Тогаш се наведуваат местото, времето, целта на палењето како и кои мерки за безбедност ќе се преземат. Министерството за внатрешни работи, до кое е поднесена пријавата, може да го забрани палењето ракети ако тоа е во интерес на безбедноста.