Инцидент во Карпош: Оштетено возило на геодетска фирма

Инцидент на паркинг во скопски Карпош. 

- На 11.03.2024 во 09.36 часот во СВР Скопје, А.М.(32) од Скопје пријавил дека на паркинг простор на подрачјето на Карпош, неколку лица со тврди предмети го оштетиле службеното возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки на приватна геодетска фирма од Скопје, додека тој и неговиот колега Б.М.(28) од Скопје биле во возилото, информираат од МВР во дневниот билтен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.