Турчинка натепана пред влез на продажен објект на Бит Пазар

Турска државјанка вчера била натепана на подрачјето на Бит Пазар.

- На 16.07.2023 во 11.30 часот во СВР Скопје, И.С.(41) од Република Турција пријавила дека околу 10.30 часот на подрачјето на Бит Пазар пред влез на продажен објект, по претходно недоразбирање, била физички нападната од С.Б.(29) од Скопје, вработен во објектот, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.