И “Комитите“ утре ќе му оддадат почит на големиот Гоце Делчев

Најголемата навивачка група во Македонија, “Комитите“ најавија дека утре ќе му оддадат почит на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев. Тие притоа упатија апел до сите Македонци утрешниот ден да се одбележи масовно и достоинствено

- “Утре(недела) чествуваме 152 години од раѓањето на најголемиот македонски револуционер - Гоце Делчев. Собирот започнува во 12:00ч, пред Жабар. Од таму сите заедно ќе се упатиме кон црквата Св. Спас, кон вечното почивалиште на големиот јунак.

Упатуваме апел до сите Македонци! Масовно и достоинствено да го одбележиме овој голем ден.“ Ќе удри утринската зора и за нас.." стои во соопштението на “Комити“