Комитите излегуваат на протестен марш за правда за Саздо

Навивачкаа група Комити за денеска најавуваат протестен марш. Времето и местото на стартот на маршот се уште не се објавуваат. Како што велат од навивачката група во своето известување на социјалните мрежи, сите информации ќе бидат навремено соопштени.

Комити и вчеравечер имаа мирен собир пред Собранието на Република Македонија каде што запалија свеќа во чест на нивниот другар Саздо.

Дваесет и едногодишниот Саздовски  во Клиничкиот центар им подлегна на повредите со кои се здоби на 29 јуни во физички напад од страна на три момчиња на автобуската постојка на бул. „Александар Македонски“ во Скопје. 

new nike air max 2019