И денеска температури до 29 степени, од утре силен северен ветер

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, прогнозираат од УХРМ. 

 Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Продолжува периодот на сончево и топло време со појава на мала до умерена локална облачност. Од утре до сабота ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.