И д-р Исјановски се откажа од советничкото место во Општина Карпош

Д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствениот дом-Скопје се откажа од советничкото место во Општина Карпош.

Тој беше трет на листата на СДСМ, но смета дека професионалниот ангажман кој го има како прв човек во оваа здравствена институција, како и ангажманот како професор на Медицинскиот факултет, остануваат негови приоритети.

-Не останувам на советничкото место. Веќе напишав изјава на нотар која е поднесена до Општинската изборна комисија во Карпош, што значи дека на мое место ќе биде следниот кандитат, односно оној кој беше деветти по ред на листата на СДСМ, бидејќи влегуваат првите осум. Јас останувам максимално посветен сега на работата во Здравствен дом Скопје, како и професор на Медицинскиот факултет, вели д-р Исјановски во изјава за Фактор.

Претходно, директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Софија Пејкова, која беше носител на листата за Град Скојпе, изјави дека се повлекува од Советот на Град Скопје поради зголемен професионален ангажман во установата со која раководи.