Изминатиов период голем број граѓани од социјално ранливи категории, добиваат топли оброци на неколку локации во Скопје.
Имено, Х.О. „Свети Спас“ секојдневно обезбедува и дели храна на граѓаните кои се во лоша материјална состојба. На социјалната мрежа „Твитер“, споделена е објава на која граѓаните се информираат на кои локации и во колку часот може да се подигне топол оброк. Па така, во Црквата „Св. Спас“ Драчево, делењето на оброци е од 13 часот, во врквата „Св. Никола“ Аеродром, делењето е од 14 часот, во Црквата „Св. Петар и Павле“ делењето е од 15 часот.
Речиси 20 дена Х.О "Свети Спас" секојденовно дели храна на нашите сиромашни сограѓани.
Храна се дели во Црквите Св.Спас во Драчево и Св. Никола во Аеродром а од денес започнуваат да делат и во Св. Апостоли Петар и Павле - Ѓорче Петров
Македонскиот народ е најхуман народ! pic.twitter.com/SoDwzoabkWmdash; The Vinci (Grdo_pajce) October 4, 2022