Хрватска ни ги враќа пратките со храна, биле полни со забранет пестицид

Перо Николов, член во Кабинетот на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски откри дека за неполни два месеца во неколку пратки на извоз на зеленчук Хрватската гранична контрола за храна врз основа на лабораториска анализа утврдила присуство на забранетиот пестицид хлорпирифос.

Тој додава дека овој пестицид е забранет во ЕУ од 2020 година и прашува како овој пестицид се најде на македонскиот пазар.

„Ова не е прв ваков случај на извоз на зеленчук од Македонија да Хрватската гранична контрола да го пронајде забранетиот пестицид хлорпирифос, ист ваков случај имавме и лани кога во неколку пратки беше пронајден хлорпирифос“ вели Николов

Инаку ова не е прв ваков случај на вратени производи од хрватската граница. Во февруари била задржана пратка на свеж зеленчук, морков, каде е потврдено присуство на забранетиот пестицид. Во моментов не се знае исходот на оваа пратка на зеленчук, односно дали истата била уништена во Република Хрватска или е вратена назад во Македонија.