Херман Хесе: „Во животот не постои ниту една должност, освен должноста да бидеш среќен

Во животот не постои ниту една должност,
освен должноста да бидеш среќен.
Само поради тоа ние постоиме на овој свет,
а со сите должности,
со сиот морал
и со сите заповеди
ретко се усреќуваме едни со други.
Ако човек може да биде добар,
може да биде само
кога е среќен,
кога во себе има хармонија,
односно кога сака.
Тоа било учење,
единственото учење на овој свет.
Тоа го кажал Исус,
тоа го кажал Буда,
тоа го кажал Хегел.
За секој на овој свет
единствено важно е
неговата сопствена внатрешност,
неговата душа,
неговата способност да сака.
Ако таа е во ред,
тогаш сеедно е
дали ќе се јаде просо или колачи,
дали ќе се носи накит или ритуали,
тогаш светот зборува заедно со душата,
тогаш е добро.