ГРОМ, ПЦЕР и Интегра ја формираа коалицијата „Храбро за Македонија“

Во пресрет на изборите се формира нова коалиција помеѓу политичките партии ГРОМ- Граѓанската опција за Македонија, Интегра, Македонска конзервативна партија и ПЦЕР – Партијата за целосна еманципација на Ромите. Воедно беа промовирани и носителите на нивната коалиција.

„Нашата коалиција се вика „Храбро за Македонија“, покажуваме храброст на овие домашните што се спремни се да направат да останат на власт. Да им се спротивставиме и на вторите кои се спремни уште повеќе да предадат после изборите. Оваа коалиција не предава ништо ниту пред избори ниту после избори. Промена на устав, разговор за јазик и идентитет, „но пасаран“ истакна Јакимовски.

Носител на коалицијата во изборнат единица 1 ќе биде д-р Добрила Андоновска, специјалист за пластична хирургија, во 2 изборна единица ќе се трка професор д-р Љупчо Ристевски, во изборна единица 3 ќе биде д-р Јордан Николов, доктор по ветеринарна медицина, во четворката носител е Ружица Николова, менаџер, во изборна петка носител е Самка Ибраимовски, диполомиран економист, а во изборна единица број 6 ќе биде Зоран Софревски, електротехничар од Гостивар.

Јакимовски кажа дека новоформираната коалиција многу лесно ги усогласила своите ставови.

„Во делот на политиката овие три партии имаат заеднички став дека сме против уставните промени и против внесување на Бугарите во Уставот без да се затвори целиот обем на прашања во однос на тоа дали ние сме постоеле пред 1944 година и дали нашите македонски револуционери се Македонци по етничка припадност и дали ние имаме фалшива историја како што велат Бугарите. Ние сме за влез во ЕУ, но отфрламе да се поставуваат нови прашања кои се однесуваат на идентитетот, јазикот и културата, а не биле поставени на ниту една земја кандидат. Услов во иднина за било каква коалиција после пратеничките мандати се образовните реформи и реформите во фундаментите – додаде Јакимовски