Граѓаните бесни доколку функционерите добијат повисоки плати за 78%

Зголемувањето на платите на функционерите и натаму во фокусот на јавноста која повеќе од очигледно е револтирана.

Со оглед на кризата, инфлацијата и високите цени за живот, граѓаните велат дека мал е процентот на оние кои земаат просечна плата, со чија сума се фали власта, додека повеќето се оставени да преживуваат со минималец додека плаќаат скапа струја, скапи горива и скапа храна.

Го поставивме прашањето „Дали го оправдувате зголемувањето на платте на функционерите за повеќе од 50%“ на нашите читатели.

Нивните одговори се иронични. Како што велат на шега, политичарите заслужуваат поголемо покачување. Но, има и такви кои велат дека функционерите наместо да направат нешто да им се олесни на работниците, тие си гледаат за својот џеп.

Еве што велат граѓаните на темава:

-Зголемување на нивните плати за речиси 80%, за пензионерите покачување од смешни 300 денари? Значи имаат службени ручеци, службени патувања за кои земаат двојни дневници, службени возила кои ги користат за приватни цели...Ако ова се случи и го премолчиме, малку ни е!

-Не сработеле ни за 0,5 посто покачување да заслужат.

-Како беше она „Нема пари леб да јадеме, ние чоколади купуваме“. Народот е крив, а не политичарите.

- Треба и повеќе. Не е лесно секој ден да се фотографираш и шеташ низ маркети. Плус па и народ да те плука. 150% да им ја зголемат.

-Треба да им се намалат и овие што ги земаат се преголеми воопшто не ги заслужиле!

-Кога ќе му дадат на работникот 1.000 евра плата, тогаш тие нека земаат 2.000 евра.

-Џабе се "удираме во гради" дека сме Големите Македонци, кога сме ситни души.....само дебатираме, а ништо не превземаме. Мизерија! Нема пари учебници да се испечатат, ама за поголеми функционерски плати и надуени патни трошоци има. Еееее.....моја чудесна Македонијо!

Министерот за економија Крешник Бектеши прашан околу тоа што во време на криза, Уставниот суд носи одлука каде што се зголемуваат платите на избраните функционери за 78 проценти, па дали Владата ќе поднесе некакви законски измени, вели:

- Сакам многу искрено една работа да кажам. Бидејќи гледам во јавноста излегуваат политичари да се покажат хумани, солидарни и слично, дека ќе донираат процент од платата или по тоа што е зголемено. Тој што сака да донира, да поддржи, не треба тоа да го направи јавно. Секој самиот може да поддржи семејства кои имаат потреба или пак одредени категории на граѓани. Каква ќе биде одлуката на Владата, јас ќе дадам целосна поддршка. Но, според мене, не би требало да искористиме вакви моменти за да се покажеме многу хумани и да добиеме политички поени. Затоа ќе чекам на одлуката на Владата, што ќе биде колективна одлука на сите како нејзини членови, подвлече Бектеши.