Градоначалникот на Гази Баба пријавил дека некој сакал да го удри со „ауди“

Градоначалникот на општината Гази Баба, Бобан Стефковски во МВР пријавил дека лице со автомобил „ауди“ се обидело да удри во возилото со кое се превезувал.

Од МВР објавија дека за случајот е приведено лице со иницијали Б.Б. од Скопје, а инцидентот се случил на улицата Архимедова, зад општината.

По преземени мерки и активности лицето е пронајдено и приведено, а во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.