Силен пожар избувна доцна синоќа во домовите на семејствата Марковски од населеното место Гоце Делчев во скопска Гази Баба. За среќа членовите на семејствата брзо се евакуирале и нема повредени.
На терен веднаш излезе градоначалникот на оваа општина.
-Благодарение на брзата реакција на Противпожарна бригада на Град Скопје пожарот беше за кратко време ставен под контрола и се спречи истиот да се прошири во останатите домови, бидејќи се наоѓаат во густо населена средина. Како градоначалник понудив помош за сместување на семејствата кои останаа без свој дом, а утре комисија од општината ќе излезе на терен со цел отпочнување на постапка за финансиска помош, порача Бобан Стефковски доцна синоќа.