Гори Универзална сала во Скопје (ФОТО+ВИДЕО)

Густ црн чад се издига над центарот на Скопје утрово. Запалена е Универзална сала. 

На Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи е добиена пријава за пожар на отворено кој се шири над објектот на Универзалната сала лоцирана на Булевар „Партизански Одреди“, во Скопје, потврдија од ЦУК.

Гори една од куполите на објектот, а противпожарните единици на Град Скопје се на лице место, информираат од ЦУК.

Споделено е и видео од пожарот: