Гордана Сиљановска – Давкова на средба со поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов во Валандово

Во рамките на нејзината кампања, денеска, 16 април 2024 година (вторник), кандидатката за претседателка на Македонија, професор д-р Гордана Сиљановска-Давкова, во неформална и пријатна се сретна со нејзиниот универзитетски колега и поранешен претседател на Република Македонија, професор д-р Ѓорѓе Иванов, во неговиот роден град Валандово.

Соговорниците имаа можност да поразговарат на многу теми и да споделат искуства за кампањите, како и за двата мандати на поранешниот претседател кои беа исполнети со многу предизвици.

Тие заклучија дека размената на искуства и мислења се значајни за престојниот период во Македонија.