Голем број скопски улици денеска ќе останат без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради водоводен дефект од ф 100мм на ул.Будимпештанска бр.22 б ,прекинато водоснабдување ке имат корисниците од ул.Московска, Женевска, Хашка,Будимпештанкса, Осло, Бањалучка, Јоаким Осоговски, Урош Ѓудовиќ, Душко Бојковски и ул.Љубица Горгиева.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот. 

Исто тка, поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на ул. Поп Богомил 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Трнодол.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.