Гладни сме, не можеме да си ги вршиме обврските, порачаа возачите од ЈСП

Вработените на ЈСП го започнаа штрајкот пред претпријатието.

-Aко денеска не добиеме плати утре во 16.30 ќе дојдеме со нашите семејства на протест. Сите сме гладни, не може да си ги вршиме своите обврски и сите задно ќе бидеме за да го изразиме револтот од политичките партии и се надевам дека денеска ќе седнат и ќе се договорат, вели Миќо Стојановски од синдикатот на ССМ при ЈСП.

Тие велат дека автобусите денеска ќе сообраќаат.

Утрово превозот беше во прекин поради дојава на бомба во претпријатието. Во моментов се уште екипите на МВР ги проверуваат автобусите.