Гига забава со А1 припејд - Неверојатни 100GB мобилен интернет за само 299 денари

A1 Македонија со задоволство најавува уште една атрактивна понуда во мобилната припејд телефонија со уште повеќе мобилен интернет со која корисниците добиваат можност за супер забава ова лето, многу гигабајти и уште поголема можност за нови и возбудливи доживувања.

Новите При-пејд корисници со активирање на SIM-картичка за 299 денари добиваат вклучени 100GB интернет, или со активирање на А1 Duo пакетот за 399 денари со две SIM-картички, секоја со вклучени 100GB интернет. Вклучениот интернет може да го користат во првите 2 недели од активирањето на SIM-картичките.

Постојните А1 Припејд корисници имаат можност да го активираат новиот месечен пакет со 100GB интернет за само 299 ден. преку апликацијата Мојот А1 или со испраќање SMS- порака на бројот 1410 со текст 100GB.

Пакетот со 100GB интернет ќе биде достапен за користење откако корисникот ќе добие потврда преку SMS-порака.

Дополнително, новите A1 Припејд корисници добиваат можност за неограничени разговори во мрежата на А1 во првата недела од активацијата како и 50 денари кредит што можат да го користат според своите потреби.

По истекот на бесплатниот период, наведените пакети автоматски ќе се обноват, и тоа месечниот пакет со 100GB интернет за 299 ден. и неделниот пакет со неограничени разговори во А1 за 79 ден.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.