Герасимовски: Ќе разговараме со другите градоначалници за одземање на ингеренциите на „Комунална хигиена“

Скопјани повторно се разбудија затрупани во ѓубре, иако синоќа дел од камионите на „Комунална хигиена“ со полициска асистенција излегоа да чистат.

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски утрово за „Телма“ кажа дека ќе разговара со другите градоначалници за одземање на ингеренциите на „Комунална хигиена“.

Синоќа градоначалниците на општина Аеродром и Кисела Вода, Тимчо Муцунски и Орце Ѓорѓиевски со механизација го однесоа ѓубрето пред „Дрисла“ и го истоварија откако не им беше дозволено да влезат во депонијата.