Ново фудбалско игралиште во општина Центар

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски вчера на социјалните мрежи објави дека старото фудбалско игралиште кај зградата на ССМ ќе се замени со ново.

- “Игралиштето ќе добие нова подлога, нови голчиња и ограда со цел повторно да биде зборно место на децата од околината. Физичката активност е најважна во периодот на развој на нашите дечиња, затоа вложуваме во комплетна реконструкција на детските и спортски игралишта во нивната безгрижна игра и дружба“ се вели во објавата на Герасимовски.