Габриел Гарсија Маркес: Можеби Бог сака да запознаеме многу погрешни луѓе пред да ја сретнеме вистинската

Ретки се луѓето кои ја запознале својата сродна личност со првата личност со која биле во врска.

Photo by FORMAT arw on Unsplash

Во поголем дел од ситуациите, станува збор за години и години љубов, разочарувања, падови и успеси. Бразилскиот писател Габриел Гарсија Маркес има кажано: „Можеби Бог сака да запознаеме многу погрешни луѓе пред да ја запознаеме вистинската“. Така, кога тоа ќе се случи, можеме да бидеме благодарни.

Низ годините учиме за себе, што сакаме, што не сакаме, се трудиме да ги разбереме другите луѓе, но и да го избереме најдоброто за себе, како во однос на пријателствата, така и за љубовта. Некогаш запознаваме прекрасни луѓе, со кои едноставно не можеме да функционираме. Како да доаѓаат во погрешно време за нас.

Некогаш некои луѓе се заљубуваат толку силно, така што ако врската се распадне, потоа не си дозволуваат да сакаат повторно, или пак им е потребно повеќе време за тоа. Но, не смееме да заборавиме дека некогаш навистина мораме да бакнеме 99 жаби, пред да го сретнеме својот принц.

Тоа не значи дека вистински морате да поминете низ секакви искуства, туку да бидете трпеливи.