Фото: Првиот снег ги изненади општинските власти во Центар

Првиот снег во Скопје ги изненади општинските власти во Центар. Иако вчера од општината најавија дека се подготвени за чистење на улиците сликите направени утрово во центарот на Скопје кажуваат нешто друго.

Од сликите се гледа дека покрај улиците не се исчистени и тротоарите, па и за пешаците како и за возачите умешност е да се движат по улиците.

Фото: ПлусИнфо