Фото: Камион удри во џип во Автокоманда

Утрово се случи сообраќајна незгода на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда, кога камион удри во џип.

Џипот застанал на пешачки премин за да ги пропушти пешаците, по што камион удрил во него.

-Денеска (26.04.2023) во 09.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Александар Македонски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Рено“ со струмички регистарски ознаки управувано од Д.Ѓ.(49) од Куманово и патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.М.Н.(45) од Скопје. Причинета е материјална штета, информираат од МВР.

Фото: Вечер