При контрола во камион и магацин пронајдена поголема количина прехранбени артикли со изминат рок на траење

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 11.00 часот го лишиле од слобода А.Б.(43) од село Арачиново, скопско, затоа што при контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени околу 200 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење.

- Подоцна била извршена контрола и во магацин на ул.„Индустриска“ во Куманово, сопственост на Б.М.(45) од с.Романовце, кумановско, од каде ја зел стоката, при што сопственикот признал дека е негова. Во магацинот биле пронајдени дополнителни околу 600 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење и празна амбалажа за пакување на производите. Пронајдената стока, од Агенцијата за храна и ветеринарство е прогласена за небезбеден производ, информира МВР.

Со сопственикот на магацинот бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.