Фото: Елена Ристеска објави слики од настапот за Нова година во Скопје

Популарната македонска пејачка Елена Ристеска објави фотографии од настапот за Нова година на плоштадот во Скопје.

Ристеска им се заблагодари на граѓаните кои беа на плоштадот и заедно ја дочекаа 2023 година.

- Нека ни е среќна и бериќетна новата година, нека ни донесе поубави денови, здравјето да ни е најјаката страна и радоста и успесите да ни се дел од секојдневието. Ве сакам од дното на мојата душа, напиша пејачката.